Фото: Роjтерс

Кинескиот извоз за периодот јануари-февруари се зголемил со 60,6 проценти во споредба со истиот период минатата година, покажуваат податоците на царинската администрација, цитирани од ДПА и БТА.

Увозот за истиот период се зголемил со 22,2 проценти. Трговскиот суфицит за периодот достигнал 103,25 милијарди долари.

Големото зголемување се должи на забавувањето на трговијата на почетокот на минатата година како резултат на коронавирусната пандемија. Кина започна да затвора фабрики во јануари, бидејќи вирусот се распострануваше надвор од првичниот епицентар во Вухан.

Економската активност повторно се зголеми во март и април благодарение на владини инвестиции.

Кина минатата година забележа економски раст од 2,3 проценти, како единствена од големите светски економии, која забележа пораст, потсетува ДПА.

Во петокот, кинескиот премиер Ли Кечијанг изјави дека целта на Пекинг е да постигне раст од ʺнад 6 проценти“.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO