Фото: Роjтерс

Вечерва во САД ќе биде емитувано интервјуто на американската водителка Опра Винфри со војводата и војвотката од Сасекс, кое веќе предизвика тензии во Велика Британија.

Неколку часа порано, на Би-Би-Си ќе биде емитувана порака од кралицата Елизабета Втора по повод Денот на Комонвелтот.

Британската кралица нема да го гледа интервјуто на Опра Винфри, соопштуваат медиумите на Островот.

Интервјуто на познатата американска ТВ водителка Опра Винфри со Хари и Меган предизвика тензија во монархијата неколку дена пред биде емитувано.

Многу британски изданија пишуваат денес дека кралицата едноставно ќе го игнорира интервјуто и наместо тоа ќе се фокусира на ʺпрашања од национално значење“, како што истакнуваат од Бакингемската палата.

Станува збор за претходно снимена порака на Елизабета Втора за одбележување на Денот на Комонвелтот, во која се појавуваат и други членови на кралското семејство како принцот Чарлс, Камила Паркер-Боулс, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Што се однесува до интервјуто со Хари и Меган, тоа ќе биде емитувано и во Велика Британија, но во понеделник на телевизизскиот канал Ај Ти Ви.

Во пуштени претходно клипови од интервјуто, Меган вели дека не може да молчи кога кралското семејство учествува во распостранување на лаги за неа и нејзиниот сопруг.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO