Денес започнува 71-виот фестивал на италијанската песна ʺСанремо“. Тој ќе заврши на 6 март и ќе се одржи под исклучителни безбедносни мерки против пандемијата.

Мотото на фестивалот е ʺМузиката не запира“. Учествуваат 32 изведувачи. 26 од нив се познати имиња како Ермал Мета, Ариза, Малика Ајан и други, а новите се 8. На покана на уметничкиот директор и конференсие на фестивалот, ТВ презентерот и поранешен диџеј Амадеус, постојани гости во текот на петте вечери ќе се раперот Ахил Лауро и фудбалската sвезда на Милан, Златан Ибрахимовиќ, кој нема да престојува во хотел, туку во неговата лична јахта.

Специјалните гости – пејачи, актери и спортисти се 23-јца. Меѓу нив е и Лора Паусини, добитничка на овогодинешната награда Златен глобус за нејзината песна ʺ Io si“ (Јас да). Таа е од филмот на режисерот Едоардо Понти „La vita davanti a se“ (ʺЖивот пред себе си“) со учеството на Софија Лорен.

ʺСанремо“ ќе биде како ТВ и радио шоу на јавниот медиум РАИ, затоа што во театарот ʺАристонʺ нема да има публика нити обожаватели во истоимениот град, како мерка против Ковид ситуацијата.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO