Фото: Роjтерс

Француските власти потврдија 25.207 нови случаи на коронавирус во земјата во текот на изминатите 24 часа, соопшти агенцијата „Санте публик Франс“ кон Министерството за здравство и нагласи дека толку висок показател на заразени се регистрира трет ден по ред, пренесе БТА.

Вкупно 3.712.020 случаи се идентификувани во земјата од почетокот на епидемијата.

Според податоци на ʺСанте публик Франсʺ, од март минатата годинам од последици поврзани со коронавирусот починале 86.147 лица. Над 60.000 од нив починале во болница.

Бројот на случаи во текот на изминатото деноноќие е 286.

Во Франција, постепено расте бројот на хоспитализирани лица. Во последната недела со симптоми на Ковид, 9.482 лица биле примени во болница, а 1.826 биле лекувани на интензивна нега.

Кампањата за вакцинација започна на 27 декември. Од 18 јануари се имунизираат не само оние во домовите за стари лица и нивниот персонал, туку и граѓаните на 70 годишна возраст и лица со сериозни болести.

До денес, вакцинирани се над 2,8 милиони луѓе, а 1,5 милиони од нив се вакцинирани со втора доза.

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO