МВР соопшти дека синоќа во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека угостителски објект на ул. ʺ6“ во с.Стајковци, сопственост на С.П. и А.П. (52), работи и во него имало гости. Како што објави порталот ʺА1он“, меѓу приведените гости кои биле во објектот се и новинарот Миленко Неделковски, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, разрешениот судија и поранешен претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски и Александар Митевски од ʺИнфомакс“. Според информациите, во кафеаната имало многу гости, но голем дел од нив успеале да избегаат откако полицијата влегла во објектот.

ʺПолициски службеници во содејство со Државен пазарен инспекторат извршиле контрола при што во објектот биле затекнати 18 лица кои се приведени во Полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка, поради непочитување на мерките за заштита на здравјето од Ковид-19“, стои во билтенот на МВР.

По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO