ʺОд 1 март ќе започне пописот на граѓаните кои живеат надвор од Република Северна Македонија, без оглед кога ја имаат напуштено земјата“, соопштија утрово министерот за надворешни работи и директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски.

Според министерот за надворешни работи Бујар Османи, ова е најмасовна операција од тој тип.

ʺГраѓаните кои се надвор од земјава ќе се попишуваат онлајн преку веб страната на Државниот завод за статистика, а ќе може да се информираат за самиот процес на пописот преку МНР, неговата веб страница, сервисите на Вибер и Whats Up, како и преку мобилната апликација која е направена на 8 јазици. Апликацијата ќе биде идентична како и прашалниците кои ќе ги користат попишувачите“, рече Османи.

Симовски го оцени процесот на самопопишување на граѓаните кои живеат во странство како сериозен, сложен, но многу значаен. Тој се заблагодри на МНР што ги ставило на располагање на своите капацитети.

ʺЕден месец пред останатите ќе бидат попишувани припадниците на Армијата, вработените во Дипломатско-конзуларните претставништва, затворениците, бездомниците, но и оние државјани што живеат надвор од земјава. Може да се пристапи само од странство. Обезбедени се сите мерки, сите податоци на граѓаните да бидат заштитени“, рече Симовски.

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO