
Фото: Роjтерс
Нови ограничувачки мерки се во сила во Грција од утрово до 8 март. Со една седмица се продолжува карантинот во област Атика, каде што дневно се регистрираат скоро половина од вкупниот број на заразени лица со коронавирус и силно се распостранува новиот вид.
Уште 10 области во Грција се со ʺцрвен“ код и со вонредни мерки за контрола на движењето на граѓаните.
Засегнати се и островите Лефкада, Сирос, Самос и дел од Крит. Вечерниот час е од 18 часот денес.
Скоро половина Грција е со високо распостранување на коноравирусот. Затворени остануваат продавниците, козметичките салони, обучувањето на учениците е од далечина. За целата земја е во сила забраната за напуштање на реонот на живеење, излегување од домот е можно само при неопходност.
Се продолжува задолжителниот карантин на 14 дена за оние кои влегуваат преку граничните премини со Албанија и Северна Македонија. Не се менуваат условите за преминување за оние кои пристигнуваат од Бугарија преку ʺКулата – Промахон“.
Денес од владејачката партија Нова демократија, по наредба на премиерот беа исклучени активисти од Солун, кои во улогата на општински советници се имунизирани со вакцини наменети за деца.
