Фото: Роjтерс

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша указ со цел зголемување на бројот на работни места во производството. Бајден сака да ги зајакне снабдувачките ланци во земјата за акумулатори и батерии, лекови, клучни минерални суровини и полупроводници, пренесе Асошиејтед прес.

САД стануваат сè позависни од увозот на овие производи, што е потенцијален ризик за националната безбедност и економијата, со која владата на Бајден се надева да се справи преку планираниот 100-дневен преглед и зголемување на домашно производство. Покрај тоа, Бајден ќе се обиде да работи со меѓународни партнери за гарантирањето на стабилен и надежен снабдувачки ланец.

Претставници на Белата куќа истакнаат дека указот ќе помогне за создадавањето на работни места во производството – ветување, давано од претходните претседатели, постигнувајќи мешани резултати во неговата имплементација, одбележува Асошиејтед Прес.

Според Бирото за статистика на трудот, во САД во моментов има 12,2 милиони работни места во производството, наспроти 17 милиони во 2000 година.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO