Фото: Роjтерс

САД ќе добијат вкупно над 14 милиони дози вакцини оваа седмица, што претставува скоро 70 проценти зголемување во споредба со минатиот месец.

Премиерот на Шпанија Педро Санчез соопшти дека земјата најверојатно ќе добие четири пати повеќе вакцини во вториот квартал отколку во првиот.

Првите 120.000 дози од вакцината  против коронавирус на ʺАстраЗенекаʺ до март ќе пристигнат во сириската провинција Идлиб. 600.000 дози од овој препарат доби денес за прв пат Гана.

Чешка доби 5000 дози од вакцината на ʺМодернаʺ како донација од Израел, еден ден откако чешката влада донесе одлука за отворање на нова дипломатска мисија во Ерусалим. Локалните медиуми објавија дека покрај Чешка, Хондурас и Гватемала исто така добиле по 5.000 дози.

Хондурас планира наскоро да ја премести својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим, сè додека Гватемала го направи тоа минатата година.

Во меѓувреме, Светската здравствена организација објави пад од 20 проценти на смртните случаи од Ковид-19 и пад од 11 проценти на инфекциите со коронавирус помеѓу 15 и 21 февруари.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO