ʺМинистерот Бујар Османи е на пат за Бугарија. Таму ќе има средба со неговата колешка Екатерина Захариева. Централна точка на преговорите ќе биде Акцискиот план“, информира денес портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

Тој напомена дека штом Османи се врати од оваа посета, ќе има повеќе информации во Владата, но и МНР, во однос на тоа што е постигнато.

Захариева изјави за време на викендот дека Бугарија со месеци предлага да се одржи средба на меѓувладината комисија со Република Северна Македонија за да се направи сериозна анализа на ситуацијата.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO