Фото: Роjтерс

Пратениците од комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент изразуваат загриженост од континуираната поддршка на Србија за руската анексија на Крим во Генералното собрание на ООН. Ова се наведува во извештајот усвоен денес за напредокот на земјата на нејзиниот пат кон ЕУ.

Европратениците се загрижени и за растечкото влијание на Кина кај нашиот северен сосед, како и во регионот на Западен Балкан во целина, особено недостатокот на транспарентност при проценка на влијанието врз животната и социјалата средина на кинеските инвестиции и заеми, се вели во документот.

Тие исто така ја повикуваат Србија да покаже убедливи резултати во реформирањвто на правосудниот систем, слободата на изразување и борбата против корупцијата и организираниот криминал. ʺНормализацијата на односите меѓу Србија и Косово е приоритет и предуслов за двете земји за нивното присоединување кон Заедницата“, изјавуваат тие и потсетуваат дека пет земји-членки сè уште не го признале Косово како посебна држава. Тие апелираат кон нив го направат тоа, потсетувајќи дека неговата независност е неповратна.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO