Фото: Роjтерс

Над 70 проценти од луѓето над 16 години во Израел примиле барем една доза од вакцина против Ковид-19, изјави денеска израелскиот министер за здравство Јоел Еделштајн, цитиран од ДПА.

Тој напиша на Твитер дека 4.456.000 Израелци ја примиле првата доза, од кои 3.076.000 – и втората доза. Но, поради приближувањето на празникот Пурим, кој е следната седмица, министерот предупреди да нема ʺмасовни заразувања“.

За Пурим, обично има големи костумирани празнувања за деца и возрасни. Минатата година по празникот имаше многу заразени и властите стравуваат тоа да не се повтори. Еделштајн соопшти дека за време на деновите на Пурим ќе се воведе ноќен полициски час и дека јавниот превоз ќе биде значително ограничен.

Во понеделникот, беше соопштено за 4.677 нови случаи на коронавирус за претхофното деноноќие. Израел меѓутоа се подготвува да отвори сегменти од образованието, забавата, бизнисот и трговијата, одбележува БТА. Во недела беа предложени стимулации за вакцинираните лица.

Израелците кои ги добиле обете дози ќе можат да посетуваат спортски центри, театри, музеи и хотели, а на влезот ќе презентираат сертификати за вакцинација, т.н. зелени пропусници.

Градското собрание на Тел Авив објави дека за утре организирало концерт на отворено за да го означи отворањето на културниот сектор по пауза од скоро една година. На концертот ќе можат да присуствуваат само вакцинирани возрасни лица.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO