Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес конференција најкатегорично ги отфрли шпекулации за какви било договори за бегството на Сашо Мијалков.

ʺМВР ги презеде сите расположиви мерки за обезбедувањето на лицето и активно работи на пронаоѓање на бегалецот и негово приведување пред правдатаʺ, информираше денеска на прес-конференција министерот Спасовски.

Во тек се информативни разговори со лица кои е можно да поседуваат информации или се поврзани со бегството на Сашо Мијалков.

ʺВо текот на вчерашниот ден извршени се информативни разговори со 10 лица, меѓу кои се членови на семејството и обезбедувањето, а денеска дополнително се повикуваат други лица. Одземени се телефони, документација и други предмети кои можат да послужат во врска со случајот. Обезбедени се снимачи од згради и објекти, а проверувани се и камерите од ʺБезбеден град“ со цел добивање на дополнителни информацииʺ, појасни министерот.

Тој не поднесува оставка велејќи дека за оставка треба да се направи нешто погрешно или да не се направи нешто, а во случајот МВР направило се.

Спасовски го впери прстот во обвинителството, зошто порано не било побарано притвор.

Кажа и дека МВР направило прикриено следење на Мијалков пред да биде побаран притвор, влегол попладнето во подземните гаражи на хотелот Мериот, подоцна од таму излегле три возила но не знаат дали во некое од тие возила бил Мијалков.

МВР проценува дека уште е во Македонија и не ја напуштил.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO