Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков денеска  се пријави во Обвинителството за да си го земе решението за притвор.

На прашањето на екипата на телевизија 24 дали бил во бегство, Мијалков одговори дека бил во Македонија и дека разбрал утрово за потрагата и дека навистина му е жал.

ʺЕве доаѓам во обвинителство откако дознав, вчера бев на жалост навистина болен со преку 40 температура и кога утрово дознав за ова што се случува решив да дојдам и да се јавам. Бев во изолација бидејќи имав симптоми на ковид 19.Се извинувам на целата македонска јавност на сега пак јавно ќе повторам јас никогаш нема да побегнамʺ, изјави Мијалков.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO