Фото: Роjтерс

Во Чешка станува задолжително носењето на маски со поголема заштита или две хируршки маски една врз друга.

Луѓето ќе мора да носат маски на зафатени места, како што се продавници, јавен превоз, болници. Самостојно направените нема да се признаваат за заштита.

Бесплатни заштитни средства ќе бидат раздавани оние кои имаат потреба од банки за храна. Новите барања стапуваат на сила во четврток. Здравствените власти ги наметнаа поради влошената епидемиолошка состојба во земјата.

Вчера во Чешка беа регистрирани 11.233 нови случаи на КОВИД-19, што е значително повеќе од претходната седмица.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO