Фото: Роjтерс

Грчкиот министер за туризам Хари Теохарис ги повикал европските лидери побрзо да ја прифатат идејата за сертификати за вакцинација, кои ќе овозможат масовните патувања да бидат возобновени, пишува денес ʺФајненшл тајмсʺ. Атина се стреми да ја обнови туристичката индустрија, која е сериозно погодена од коронавирусната пандемија.

ʺГледајќи кон реакцијата на некои земји на предлозите за вакцинациски сертификат, го имам чувството,  дека има голема кратковидост. Треба да направиме повеќе за да се подготвиме “, коментираше Теохарис за весникот.

Воведувањето на вакцинациски пасоши, кое ќе дозволи патувања за одмор и работа меѓу земји по имунизација, ќе се разгледа на средба на врвот на ЕУ што започнува во четврток.

Некои земји-членки предводени од Грција ја разгледуваат идејата, но блокот е поделен и дипломатите сметаат дека раното усвојување на предложениот систем е малку веројатно поради стравувањата дека ќе биде поставен систем ʺграѓани со две брзини“ во областа на правата на патниците.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO