Фото: Роjтерс

Талибанците решително отфрлаат евентуално одложување на повлекувањето на американските војски од Авганистан, изјави во интервју за ДПА портпарол на групата, пренесе БТА.

Тој кажа дека НАТО, Америка и сите страни во конфликтот стигнале до заклучокот дека ако сакаат да ја надминат сегашната криза, единственото добро решение е исполнувањето на потпишаниот договор.

Пред една година, САД ветија дека ќе ги повлечат своите војски до 1 мај 2021 година. За возврат, талибанците се ангажираа да започнат мировни преговори со авганистанската влада. Тие меѓутоа ги нарушуваат своите ветувања, се смета дека соработуваат со други терористички групи и според набљудувачи насилството во земјата останува на многу високо ниво.

Засега, земјите од НАТО се решени да ја продолжат својата мисија во Авганистан до ново известување, изјави минатата седмица генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO