Атина преговара со Вашингтон за нов петгодишен договор за воена соработка. Според информација во медиумите, американската страна настојува со новиот договор да добие пристап за користење на воени објекти во Грција.

Интересот на Вашингтон е кон острови во Егејско море, воени аеродроми во северна Грција и пристаништа.

Според информација од медиумите, американската страна има интерес кон повеќе од 20 воени објекти во Грција, дел од и сега, како островот Скирос, сè користат за обука на американската и грчката војска.

Атина е склона да го прифати предлогот, коментираат воените експерти, истакнувајќи дека на овој начин Грција обезбедува воена рамнотежа против Турција.

ʺАнкара продолжува со провокациите во Егејското Море“, изјави министерот за надворешни работи Дендиас пред парламентот.

Засега грчкото Министерство за одбрана не прецизира за кои воени објекти е заинтересирана американската страна. Портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи изјави дека не станува збор за нови воени бази на грчка територија, туку за заедничко користење на објекти.

Со финансирање од Вашингтон, веќе е во тек модернизацијата на постојаната воена база ʺСудаʺ на островот Крит.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO