Фото: Роjтерс

Федералната авијациска администрација на САД (FAA) објави дека ќе започне дополнителна истрага на авионите ʺБоинг 777“ по инцидент со полет на овој модел на компанијата United Airlines, што доведе до итно слетување на меѓународниот аеродром во Денвер.

ʺВрз основа на првичната информација, стигнавме до заклучокот дека интервалот за проверка треба да биде зголемен за таканаречените ʺшупливи лопатки на моторот“, кои се единствени за овој модел на мотор, користени единствено за авионите ʺБоинг 777“, се вели во соопштението на FAA.

Во сабота авионот слета во Денвер по проблем со десниот мотор P&W4000, кој предизвика само лесни повреди на авионот, според Националниот одбор за безбедност на сообраќајот во САД (NTSB).

Федералната авијациска администрација на САД издаде итна директива за пловидбеност која повикува на ʺитни или засилени проверки на авионите ʺБоинг 777“ опремени со одредени мотори„ Pratt & Whitney PW4000 “.

Американската авиокомпанија United Airlines по инцидентот ги откажа летовите на своите 24 авиони ʺБоинг 777“.

Министерството за транспорт на Јапонија исто така им нареди на превозниците Japan Airlines и ANA Holdings Inc да го преземат истиот потег.

Korean Air Co. Ltd. е уште една авиокомпанија која ги сопре за експлоатација нејзините авиони 777 на Boeing Co.

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO