МВР и официјално распиша потерница за екс шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, кој од вчера вечер е недостапен и во бегство. Мијалков се бара со национална потерница а не се исклучува можноста против него да биде распишана и меѓународна потерница.

ʺМијалков Сашо, од татко Јордан , мајка Милка, роден на 15.09.1965 во Скопје, со живеалиште на ул.Народен Фронт бр.5-31 во Скопје, се бара по наредба за распишување на потерница на Основен суд Скопје 1 КОК – КР бр.56/21, а врз основа на решение на судот со кое му е определена мерка куќен притвор, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело – “Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл. 353 , кривично дело “Злосторничко здружување “ од член 394 и кривично дело “Примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 од КЗ.“, стои во потерницата на МВР.

Во петок треба да се изрече пресудата во случајот ʺТаргет – Тврдина“ – масовното нелегално прислушување на граѓаните каде Мијалков е првообвинет.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO