Фото: Роjтерс

Кина ја повика администрацијата на претседателот Џо Бајден да го возобноват конструктивниот дијалог откако односите меѓу двете земји паднаа на нивната најниска точка во последните неколку децении по времето на управувањето на Доналд Трамп.

САД и Кина можат да работат заедно на прашања како што се климатските промени и коронавирусната пандемија, доколку ги нормализираат своите односи, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на форум во Пекинг посветен на кинеско-американските односи.

ʺВратата за дијалогот со Кина секогаш била отворена. Секогаш сме подготвени да започнеме отворен и јавен дијалог со САД, насочен кон решавање на проблемите“.

Највисокиот кинески дипломат ја повика новата американска администрација на Џо Бајден да ги укине високите царини за увезуваните кинески стоки, да ги укине едностраните санкции против кинески компании и да се откаже од ʺирационалниот курс“ за потиснување на кинескиот технолошки сектор.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO