По сведочењето во случајот ʺТитаник“, премиерот Зоран Заев запрашан за бегството на Сашо Мијалков посочи дека е разочаран што се случи уште едно бегство во ваков случај.

Имено, додаде дека ќе побара детали за истрагата и случајот очекува да се расчисти во најбрз можен рок, со оглед на тоа што народот очекува правда.

ʺНародот бара правда. Се случи уште едно бегство. Мијалков се очекува да биде осуден согласно предметот Таргет-Тврдина. Разочарани сме што тој се уште не е пронајден. Барам институциите да постапат согласно законот. Убеден сум дека тоа може да се спроведе. Очекувам детални информации и детали и истрага за самиот случај. Нашиот народ очекува расветлување оваа ситуација. Ќе побараме одговорност кога ќе ги знаеме деталите“, посочи Заев пред Кривичниот суд.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO