Фото: Роjтерс

Принцот Филип, сопругот на британската кралица Елизабета Втора, ќе остане уште време во лондонската болница, каде беше примен минатиот вторник, се вели во соопштението на Бакингемската палата. Неговиот син принцот Чарлс го посети вчера.

Точната причина за влегувањето во болницата на Херцогот на Единбург повторно не беше наведена, но се тврди дека неговиот престој не е поврзан со коронавирусот.

Исто така се тврди дека принцот Филип, кој ќе наполни 100 години во јуни, влегол во болницата ʺКинг Едвард VIIʺ без туѓа помош.

Неговиот син, принцот Чарлс, кој е на 72 години, го посетил вчера попладне за 30 минути. Тој е првиот член на кралското семејство што го посетил принцот Филип во болницата. Согласно сегашните правила на локдаунот, посетите во болница се сметаат за ʺоснована причина“ за напуштање на домот.

Внатрешнополитичкиот уредник на ʺСкај њуз“, Џејсон Фарел, меѓутоа коментира дека посетата на принцот Чарлс била невообичаена, затоа што при претходните престојувања на татко му во истата болница, тој никогаш не го посетувал.

Херцогот на Единбург и кралицата Елизабета Втора беа вакцинирани против Ковид-19 во јануари.

Принцот Чарлс и неговата сопруга Камила ги добија своите први дози на почетокот на овој месец.

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO