Фото: Роjтерс

Екипата на Мајами го совлада Лос Анџелес Лејкерс со 96:94 во натпревар од Националната кошаркарска асоцијација (НБА). Двата тима, финалисти за титулата од минатата сезона, одиграа драматичен натпревар, а ʺжешките“ славеа на крајот. Минатогодишниот шампион Лејкерси претрпе втор последователен пораз и покрај напорите на sвездата Леброн Џејмс, кој заврши со 19 поени, 9 асистенции и 9 скока. Кај Мајами, најдобар стрелец беше Кендрик Нан со 27 поени, а Џими Батлер додаде 24. Бам Адебајо заврши со дабл-дабл за Мајами – 16 поени и 10 скока, во првиот судир против Лејкерси оваа сезона. Двата тима последен пат се сретнаа во финалниот плејоф минатата сезона, во кој Лејкерси извојуваа шест победи и триумфираа со 17-та титула.

Шарлот забележа драматична победа над Голден Стејт со 102-100. Тери Розие постигна кош со сирената и му го донесе успехот на Шарлот. Голден Стејт играше без својот лидер Стеф Кари, кој се чувствуваше лошо на загревањето и не се појави на теренот. Од тимот побрзаа да уточнат дека Кари нема коронавирус. Во негово отсуство, најдобар стрелец кај Вориорс беше Кели Убре со 25 поени.

Вашингтон ја прекина серијата на Портланд од шест последователни победи по успехот со 118: 111. Расел Вестбрук заврши со трипл-дабл – 27 поени, 13 асистенции и 11 скока за успехот на Визардс. Бредли Бил постигна 37 поени и му помогна на Вашингтон да оствари четврта последователна победа .

 

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO