Фото: Роjтерс

Британскиот премиер Борис Џонсон планира до крајот на јули да бидат вакцинирани сите полнолетни во Велика Британија, што ќе го олесни враќањето кон нормален начин на живот.

Повеќе од 17 милиони Британци веќе ја примија својата прва доза на вакцина, одкако започна програмата за масовно вакцинирање во декември.

Борис Џонсон меѓутоа сака ʺпрограмата да биде реализирана побрзо и да стигне подалеку“, според неговите зборови.

Тој истакна дека рокот на вакцинирање на сите полнолетни до крајот на јули ќе овозможи побрза заштита на ранливите луѓе и ублажување на локдаунот во земјата.

Претходните планови на владата беа тоа да стане до септември.

Раководителот на националното здравство, Сер Сајмон Стивенс, кажа дека има сигнали дека масовното вакцинирање води до намалување на бројот на приеми во болници.

Денес, Џонсон ќе ја одржи последната средба на кабинетот за олеснување на строгите мерки пред утре јавно да ја изложи таканаречената ʺпатна картаʺ за излегување од локдаунот. Тоа ќе стане прво во Комората на општините, а потоа на специјална прес-конференција.

Независно од оптимистичките вести, се очекува пристапот на владата да биде многу претпазлив. Се претпоставува дека олеснувањето на ограничувањата ќе започне на 8 март со враќање на децата во училиштата.

 

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO