Една од централните теми во грчките медиуми денес е вчерашната средба во Софија меѓу бугарскиот министер за внатрешни работи Христо Терзијски и грчкиот министер за миграцијата Панајотис Митаракис. Атина и Софија имаат заеднички позиции за спречување на нелегална миграција и борба против трговија со луѓе, пишува кај нашиот јужен сосед.

Грчките медиуми потенцираат дека двете земји, кои се надворешните граници на Европската унија, продолжуваат да работат заедно за справување со бегалската криза.

Од значење како за Атина, така и за Софија е усвојувањето на Пактот за миграција, кој треба да биде во согласност со развојот на бегалскиот притисок.

Дописниците на грчките медиуми од Софија нагласија во коментарот за средбата, дека и двете земји имаат заеднички позиции за правилен баланс помеѓу одговорност и солидарност од сите европски земји.

„Разговарав со бугарскиот министер за внатрешни работи и го разгледавме новиот Пакт за миграција и азил. Во него треба да се вклучи значењето од заштита на надворешните граници на Европа. Ја продолжуваме соработката за овладување на бегалскиот проток. Не е возможно, земји кои сме на прва линија, да ја преземеме целата тежина на бегалската криза “.

Во интервју за грчките медиуми, министерот Митаракис соопшти дека на средбата со министерот Терзијски се разговарало и за значењето на работата со земјите од каде пристигнуваат мигрантите, како и за потребата од добра соработка со Турција за бегалската криза.

 

 

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO