Фото: Роjтерс

Состав на Москвскиот градски суд ја отфрли жалбата на опозицискиот лидер Алексеј Навални и ја остави во сила неговата ефективна казна.

Навални беше испратен во затвор за 2 години и 8 месеци со решение на на Симоновскиот окружен суд од 2 февруари за многукратни нарушувања на испитувачкиот рок на неговата условна казна за измама од 2014 година “

Уште во 2017 година, Европскиот суд за човекови права ја прогласи казната за неправична, и оваа седмица побара ослободување на Навални.

Руските власти ја прочитаа изјавата на Европскиот суд како мешање во внатрешните работи на суверена држава. Московскиот градски суд ја намали ефективната казна за еден и пол месец, имајќи го предвид времето што Навални го поминал во истражен притвор.

Во раните попладневни часови е закажано рочиште за друг случај против опозиционерот – овој пат за клевета против ветеран од Големата татковинска војна. Во текот на летото, Навални ги нарече 94-годишниот воен ветеран Игнат Артјоменко и уште неколкумина учесници во видео-кампања за поддршка на претседателските уставни измени ʺсрам за земјата и предавници“

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO