
Фото: Роjтерс
Во Русија е регистрирана трета вакцина против Ковид-19, соопшти премиерот Михаил Мишустин.
Вакцината ʺКовиВакʺ е создадена во Федералниот научен центар за истражување и разработки на имунобиолошки препарати ʺМихаил Чумаковʺ при Руската академија на науките.
Според зборовите на Мишустин, првите 120.000 дози ќе се појават на пазарот во средината на март. Се планира до крајот на годината да бидат произведени 20 милиони дози и препаратот да излезе на меѓународниот пазар.
Првата руска вакцина против Ковид-19 ʺСпутник V“ беше разработена во Националниот центар за епидемиологија и микробиологија ʺГамалеја“ и регистрирана во август минатата година. Досега се произведени околу 10 милиони дози.
Во октомври, регистрација доби вакцината ʺЕпиВакКоронаʺ на Новосибирскиот центар за верологија и биотехнологија ʺВекторʺ, од која се произведени 80.000 дози.