Ние сме разочарани од одлуката на Бугарија да ги блокира преговорите за ЕУ. Ние се залагаме за интеграција на Запападен Балкан, тоа е взаемен интерес на сите држави, колку што е можно побрзо да се случи. Ние изразивме надеж дека процесот кон ЕУ и сите билатерални прашања треба да се решат надвор од пристапните преговори, изјави синоќа американската амбасадорка Кејт Мари Брнз.

ʺНие и понатаму ќе се залагаме и ќе даваме поддршка тие прашања да останат настрана од процесот на пристапни преговори, бидејќи тоа ќе овозможи напредокʺ, изјави Брнз, во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5.

САД и понатаму ќе се залага, ќе се бори и ќе ја поддржува Северна Македонија да ги започне преговорите и билатералните прашања да останат надвор од преговорите, истакна таа.

ʺ Ние имаме доверба во Владата дека ќе успее да дојде до договор со Бугарија за интеграциитеʺ, вели амбасадорката.

Посочи и дека Северна Македонија, после Преспанскиот договор, има јасна иднина.

ј Во врска со ЕУ верувам дека имате јасна перспектива, САД се уверени во вашата европска иднина, но и самата ЕУ. Најважно е што народот тука верува во европска иднина. Важно е да се сфати дека, иако неодамнешните настани беа фрустрирачки, разбирливо е што луѓето се лути поради тоа, но тоа е важна цел, не треба да се откажувате. Можеби ова е маратон, но може да се постигне и верувам дека тоа ќе се случи. Во врска со НАТО не можам јас да кажам дали граѓаните се задоволни со тоа, но откако сте во НАТО вашата држава има резултати. НАТО помогна да се модернизира војската, да се подобри сајбер безбедноста, набави и респиратори за помош во битката против Ковид 19, а НАТО обезбедува колективна безбедност и најважното денес имате место на масата каде што се носат одлуки, а тоа е најмоќната организација. Затоа мислам дека тоа е од голема полза за земјатаʺ, заклучи амбасадорката.

 

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO