Фото: Роjтерс

Ford Motor Co. објави денес дека планира да предлага само хибридни или електрични превозни средства во Европа до 2026 година, а потоа само електромобили до 2030 година.

За да се постигне ова, производителот на автомобили инвестира една милијарда долари за трансформација на производствениот погон во Келн, Германија, за производство на електрични автомобили.

Првиот нов модел треба да влезе во производство во 2023 година, соопшти компанијата.

ʺУспешно го преструктуиравме Ford of Europe и се вративме на рентабилноста во четвртиот квартал од 2020 година. Сега се впуштаме во целосна електрична иднина во Европа со експресивни нови превозни средства и поврзано со клиентите доживување од светска класа“, изјави Стјуарт Роули – претседател на европскиот клон на Форд.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO