
Фото: Роjтерс
Adidas AG објави денес дека започнала официјален процес, кој е со цел да се ослободи од брендот Reеbok, откако големата германска компанија за спортска облека и опрема ја завршила својата проценка на ʺстратешките алтернативи“ за својата подружница.
Reеbok ќе биде пријавена како ʺпрекратени дејности“ почнувајќи од првиот квартал од 2021 година натаму, откри уште германскиот производител на спортска облека.
„По внимателно размислување, дојдовме до заклучокот дека Reеbok и Adidas ќе можат значително подобро да го реализираат својот потенцијал за раст независно. Ќе работиме напорно во текот на следните месеци за да обезбедиме успешна иднина за марката Reеbok и тимот што стои зад неа“, коментираше извршниот директор на Adidas Каспер Рорстед во прес-соопштение на компанијата.
