Минатиот декември, Словачка и Чешка не беа во позиција да го поддржат нацрт заклучокот на Советот за проширување и, на наше изненадување, бевме етикетирани како проблематични кои се обидуваат да го комплицираат целиот процес. Напротив, бевме принудени да дејствуваме за да спречиме проширувањето да биде вовлечено во историски прашања, а ЕУ во улога на арбитер. Затоа треба да ги разјасниме нашите мотиви. На силна ЕУ и треба силно и стабилно соседство, стакнуваат министрите за надворешни работи на Чешка и на Словачка, Томаш Петричек и Иван Корчок, во зедничката колумна за Еуобсервер насловена ʺЕУ не треба да биде судија за историски прашања“.

Првите дипломати на Чешка и на Словачка велат дека на смее ЕУ да дозволи да стане колективен судија за историски толкувања – за тоа што е правилно, погрешно, точно и лажно во изминатите стотици години од историјата на Балканот.

ʺТоа би било големо отстапување од принципите што досега го регулираа процесот на проширување и кои се дел од нашиот подобрен пристап. Не смее да се дозволи таквите барања да станат формален дел од критериумите за пристапување, бидејќи ќе ја претвори ЕУ во арбитар на националните истории.Затоа, ние не поддржуваме никаква насока што би санкционирала толкување на историски прашања. Барањето да се постави обврска за Северна Македонија да ја поправи наводната погрешна интерпретација на историјата не е прифатливо. Дополнителни услови ќе го отворат патот за понатамошни билатерални барања во иднина, потенцијално комплицирајќи го целиот процес во годините или дури децениите што доаѓаатʺ, оценуваат Петричек и Корчок.

Сметаат дека е потребен директен и предвидлив процес на проширување кој се заснова на мерливи критериуми, јасни заложби и политичка волја.

ʺ Условите се бројни, а процесот на пристапување е веќе сложен и бара многу напори, затоа мора да избегнеме воведување елементи кои вклучуваат висок степен на интерпретации и емоции. ЕУ не е тука за да утврди кој е во право или не во врска со прашања поврзани со историјата, јазикот или идентитетот. ЕУ се заснова на единство во различностите, а не на пресуди и категоризации. Отворените историски билатерални прашања треба да се решат билатерално. Тоа не е лесен или краток процес, но може да се направи. Ние тоа го знаеме од сопственото искуство. Уверени сме дека пречките ќе бидат надминати, како и секогаш и ќе можеме да преминеме на следните чекори, на пр. да работиме под раководство на португалското претседателство на консензус за рамката за преговорите за Северна Македонија и Албанијаʺ, порачуваат Петричек и Корчок.

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO