Фото: Роjтерс

Управниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева го поддржа планот вреден 1,9 трилиони долари на Џо Бајден за спасување на американската економија, која беше силно погодена од пандемијата, пренесе АФП.

Георгиева на виртуелна тркалезна маса со новинарите, изјави дека со оглед на исклучителната несигурност и тешката состојба за домаќинствата и претпријатијата поради кризата си коронавирусот, одделувањето на 1,9 трилиони долари е уместно.

Колосалната сума предвидена за директна помош на домаќинствата, меѓу другите мерки, се соочува со противење од републиканските сенатори, кои предупредуваат на опасност од криза во областа на јавните финансии, одбележува БТА.

Ние ја поддржуваме решеноста на претседателот Бајден да се фокусира на доделување помош и на средств за вакцини, тестови и здравствена заштита, кажа Георгиева.

Вчера Бајден вети дека ќе дејствува брзо за да го донесе законот преку Конгресот.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO