
Пристаништето во Солун веќе е сопственост на поранешен пратеник во руската Дума. ʺРускиот цар на Солун го купи пристаништето“, го коментираат грчките медиуми договорот за пристаништето, чија што цена не се соопштува.
Компанијата на Иван Савидис се здоби со контролниот пакет на акции на пристаниште Солун откако го купи делот на германска компанија која се повлече.
Приватизацијата на пристаништето во Солун го насочи интересот на гиганти во овој сектор откако Грција одлучи да го даде пристаништето на меѓународна компанија со грчко учество. Имаше интерес и од руски компании, кои подоцна се повлекоа.
Се очекува само дозвола од Комисијата за конкуренција, за Иван Савидис да стане главен сопственик на солунското пристаниште, кое после Пиреја најисплатливо грчко пристаниште.
Савидис е руски олигарх од грчко потекло, роден во Грузија, кој е меѓу најмоќните инвеститори во северна Грција, поранешен пратеник во руската Дума, близок до претседателот Владимир Путин.
Тој е сопственик не само на фудбалскиот клуб ПАОК и на луксузни хотели, туку учествува и во производството на цигари и шеќер.
За да се вработиш во неговата компанија потребно е не само да имаш перфектно образование, но и да владееш руски јазик, тврдат негови соработници.
