Фото: Роjтерс

Нафтата продолжува да расте во услови на оптимизам дека вакцинацијата против Ковид-19 ќе ги возобнови бизнисот и патувањата. Инвеститорите ја очекуваат оваа седмица средбата во форматот ОПЕК +, на која најверојатно нема да настапат промени во квотите и количините за добив на црно злато.

Цената на лондонската сорта Брент се приближува до 58 долари за барел во раната азиска трговија. Сортата се смета за референтна за европскиот пазар, а зголемувањето на цената е за 25 центи. Американската сурова нафта надмина 55 долари за барел.

Според аналитичари, од една страна, инвеститорите се надеваат дека патувањата и бизнис доставките ќе се опорават барем делумно. Нивниот оптимизам доаѓа во услови на сериозни проблеми со процесот на вакцинирање. Друг фактор се податоците од Американскиот институт за нафта, кој објави пад на резервите на црно злато во САД со повеќе од четири милиони барели во текот на седмицата.

На берзата – азиската трговија го продолжи оптимизмот на Вол Стрит. Расположението за профит беше создадено најмногу од банките и големите технолошки компании. Еврото поевтини во однос на доларот и јапонскиот јен.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO