Фото: Роjтерс

Руската рубља отстапи по утринскиот пораст и падна под едномесечниот минимум под притисок на геополитички теризици поврзани со апсењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални и предизвиканите од тоа протести за неговото ослободување, пренесе Ројтерс.

Полицијата уапси над 3.000 луѓе и употреби сила за да ги растера митинзите низ цела Русија, на кои се собраа илјадници демонстранти во саботата, игнорирајќи ги полициските предупредувања и студеното време. Ова ја натера Европската унија да разгледа нови санкции против Москва.

Според Алексеј Антонов од ʺАлор Брокерʺ (Alor Broker), секоја дестабилизација на политичката ситуација секогаш има силно негативно влијание врз акциите и рубљата.

До 9.27 часот по Гринич, рубљата беше стабилна во однос на доларот на ниво од 75,29 долари, откако претходно падна до 75,48 долари – најниска вредност од 23 декември.

Освен тоа, политиката на Џо Бајден кон Русија останува нејасна и со оглед на последните вести, инвеститорите може да пројават колебање кон руските активи оваа седмица, според аналитичарите на ʺГлобал маркетс“ (Global Markets) .

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO