Фото: Роjтерс

Директните странски инвестиции во светот опаднале со 42 проценти во 2020 година, а оваа година се очекува да се намалат за 5-10 проценти. Ваква прогноза даде вчера Конференцијата на ООН за трговија и развој (УНКТАД), пренесе БТА, повикувајќи се на ТАСС.

На прес-конференција во Женева, директорот на УНКТАД за инвестиции и претпријатија Џејмс Жан истакна дека ʺдиректните странски инвестиции во светот претрпеле колапс минатата година, опаѓајќи за 42 проценти до 895 милијарди долари, во споредба со 1,5 трилиони долари во 2019 година “.

На крајот на минатата година, нивниот обем бил со над 30 проценти помал отколку по глобалната финансиска криза во 2009 година и бил на ниво од 90-тите години на минатиот век.

Глобалните протоци на странски директни инвестиции ќе останат слаби во 2021 година и ќе паднат за 5-10 проценти, според прогнозите на УНКТАД.

Вистинското закрепнување се очекува да започне во 2022 година, одбележува експертот, објаснувајќи дека обемот на странски директни инвестиции е под влијание на бројни негативни фактори, особено ʺризиците поврзани со најновиот / тековниот / бран на епидемијата“.

Во ЕУ, странските директни инвестиции минатата година паднаа за две третини од 373 милијарди на 110 милијарди долари, а во САД со 49 проценти, до 134 милијарди долари.

Во исто време, директните странски инвестиции пораснале за 4 проценти во Кина и за 13 проценти во Индија.

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO