Фото: Роjтерс

По пауза од скоро пет години во Истанбул беа возобновени проучувачките контакти меѓу Грција и Турција, соопшти грчката телевизија Скај, пренесе БТА.

Предмет на разговорите е барањето на допирни точки за евентуални идни преговори за разганичување на континенталниот гребен и ексклузивните економски зони во Егејското Море и Источниот Медитеран.

Во случај, ако преговорите кои евентуално ќе следат по проучувачките контакти не доведат до договор, двете страни ќе треба да се договорат за текст, кој ќе биде внесен во Меѓународниот суд во Хаг.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO