Преговорите за присоединување кон ЕУ не би требало да се претворат во преговори со Бугарија, изјавува министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи во интервју за грчкиот весник ʺВимаʺ.

Тој додава дека разговорите за надминување на разликите со Софија продолжуваат, одбележува весникот ʺНова Македонија“.

Османи истакнал дека европската идеја е инспирација за решавање на горчливите прашања во регионот, а Република Северна Македонија претставува светол пример. Не суштествува силна Европа без силен Балкан. Стабилизацијата на ЕУ може и треба да се оствари заедно со европската стабилизација на Балканот, изјавил министерот Османи.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, како и вицепремиерот во Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денес се во работна посета на Брисел, каде ќе се сретнат со шефот на дипломатијата на Португалија, Аугусто Сантош Силва, односно дипломатот на земјата претседавач со Европската унија.

Во рамки на оваа посета се предвидени средби со неколкумина претставници на институциите на ЕУ, информираа утринава од прес службата на Владата на С.Македонија.

На маргините на заседанието Советот за надворешни работи на ЕУ, што се одржува денеска, планирани е Димитров и Османи да имаат билатерални средби со повеќе министри за надворешни работи на земји членки на ЕУ.

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO