Оваа пролет, ќе се излезе од ќор-сокакот и проблемот со Бугарија ќе биде решен, изјави Али Ахмети, лидер на Демократска унија за интеграција (ДУИ).

Тој ова тврдење го искажа во одговорот на прашање во емисијата „Политика“ на гостиварската локална телевизија ТВ Глоби.

ʺВо интерес е и на Вашингтон и на Брисел да се реши ова прашање. Во овие 20 години ниту еднаш не сум бил разочаран од нивните постапки. Јас сум оптимист дека овој проблем ќе се реши уште во рана пролет. Решението ќе дојде пред парламентарните избори во Бугаријаʺ, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Тој нагласи дека ќе се најде решение, дебатата ќе се одвива за историјата и историските личности, додека македонскиот идентитет и јазик не се загрозени.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO