Фото: Роjтерс

Американските органи за спроведување на законот проверуваат голем број закани, упатени кон членови на Конгресот на САД со наближувањето на претстојниот втор процес во Сенатот против Доналд Трамп. Станува збор за пресретнати разговори, во кои е зборувано да се убиваат конгресмени или тие да бидат напаѓани пред зградата на Капитол. Ова го изјави американски официјален претставник за ʺАсошиејтед Пресʺ.

Проверуваните закани од органите за спроведување на законот се слични на оние, кои беа проверувани пред официјалната церемонија за стапување на должност на Џо Бајден. Според американскиот официјален претставник, кој побарал анонимност, тие се од различна природа и со различна доставерност. Основни тое се публикувани во интернет и во групите за разговор и вклучуваат заговори за напад врз конгресмени, кога тие одат или си тргнуваат од Капитол додека трае процесот, додаде тој.

Американските органи за спроведување на законот започнале да се подготвуваат за можноста вооружени демонстранти да се вратат во Вашингтон кога следната седмица ќе започне процесот за импичмент на Доналд Трамп во Сенатот за поттикнување на насилство. Тој ќе биде првиот против поранешен претседател, одбележува Асошиејтед Прес.

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO