Фото: Роjтерс

Според синоќешните податоци, приведените во цела Русија на протестите во поддршка на опозицискиот лидер Алексеј Навални се 3.134. Ова го соопшти организацијата за човекови права ОВД-Инфо, според која ова е рекорден број за времето на нејзината работа.

Најголем број приведени има во Москва – 1201 лице, на второ место е Санкт Петербург со 471 лице, објави ʺЊузру“.

Десетици демонстранти се приведени и во Новосибирск, Казан, Воронеж, Сочи, Ставропол, Омск, Нижни Новгород, Владивосток, Курск, Јакутск, Хабаровск, Уфа, Комсомолск на Амур, Самара и Барнаул.

Претходниот рекорд на приведувања беше на антикорупциските митинзи во земјата во јуни 2017 година, кога беа приведени 1.769 лица низ цела Русија.

Сопругата на Навални, Јулија, беше меѓу приведените вчера, но синоќа беше соопштено дека е ослободена.

САД и Канада, како и ЕУ претходно, ги осудија апсењата и повикаа на ослободување на демонстрантите.

Од своја страна, руското Министерство за надворешни работи ја обвини американската амбасада во Москва за мешање во внатрешните работи на Русија и охрабрување на протестите.

ʺОва не е првпат американската амбасада во Москва да демонстрира непочитување на дипломатските норми и правила со активно публикување пораки на социјалните мрежи за поддршка на несогласуваните (со властите) протести во руските градови“, се посочува во соопштението на руското министерство за надворешни работи.

Истражителите во Москва продолжуваат да анализираат големо количество на фотографии и видео материјал со снимени незаконски дејствија, соопштуваат од Истражниот комитет.

Нивните колеги во Санкт Петербург проверуваат видео на кое се гледа како полицаец удира во стомакот средновечна жена, таа паѓа на асфалтот и си ја удира главата. Жената била пренесена во болница и сместена на одделение за интензивна нега во сериозна состојба.

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO