Фото: Роjтерс

Британската влада во понеделник ќе расправа за уште посилно заострување на ограничувањата за патувањата поради пандемијата и може да воведе услов за оние што пристигнуваат од странство да бидат ставени во карантин во хотели, пренесе Ројтерс.

Премиерот Борис Џонсон на вчерашната прес-конференција изјави дека затегнувањето на мерките може да се наложи за да се заштити земјата од нови варијанти на коронавирусот, потсетува БТА.

Тековните ограничувања буквално ги забрануваат повеќето меѓународни патувања. Од почетокот на јануари, потребен е негативен тест за повеќето од оние кои пристигнуваат во земјата, кои да бидат презентирани пред одпатувањето, како и останување во карантин по пристигнувањето.

Владата сега размислува да ги задолжи посетителите да поминат 10 дена во изолација во хотел за кој ќе треба да си плаќаат, како начин да се контролира почитувањето на карантинот, тврди Би-Би-Си. Во услови на зголемен страв од нови варијанти на коронавирусот, критичарите на сегашната политика за карантин велат дека таа не се почитува доволно строго.

Новите строги ограничувања на границата ќе нанесат нов удар на авионската и туристичката индустрија, кои се наоѓаат во крајно тешка финансиска состојба по скоро една година рестриктивни мерки и намалените до минимум приходи. Според сегашните прописи во Англија, бараните 10 дена карантин може да се намалат ако по пет дена патникот даде негативен тест за Ковид-19. Барањата во Шкотска, Велс и Северна Ирска се малку поразлични.

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO