Евроамбасадорот во Македонија, Дејвид Гир, во интервју за новинската агенција МИА, вели дека e oптимист и дека нема план Б, туку дека целта е пристапување на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ).

ʺНема план Б, целта е пристапување на Северна Македонија во Европската Унија. Оптимист сум. Сега следува усогласување на Преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција, што всушност ќе го отпочне самиот процес на преговориʺ, изјави амбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир.

Според него овие разговори продолжуваат во Брисел и португалското претседателство се обврзало дека ќе го помогне и ќе го турка процесот.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO