
Една третина од луѓето кои се лекувале од коронавирус по пет месеци морале повторно да бидат згрижени во болница.
Според студија на британскиот универзитет Лестер и официјална статистика, едно од осум лица починало како последица на здравствена компликација.
Од 47 780 лица кои биле отпуштени од болница во Велика Британија, 29,4 % морале да се вратат во болницата по 140 дена. Од таа бројка, 13,3 % починале.
Многу луѓе кои имале долгорочно дејство на коронавирусот, имаат здравствени проблеми со срцето, дијабетесот, црниот дроб и бубрезите, покажа истражувањето. Луѓето ја напуштаат болницата, имаат долгорочни последици од коронавирусот, се враќаат во болницата и умираат. Гледаме дека тоа беше случај со 30 проценти од луѓето, а тоа е многу. Бројките се навистина голем, изјави авторот на студијата Камлеш Кунти.
Според него, потребно е да се подготвиме за она што се нарекува долгорочен коронавирус. Затоа, тој смета дека е потребно да се обезбеди следење на пациентите за време и по третманот.
Меѓу оние кои повторно побарале медицинска помош откако се лекувале од коронавирус биле луѓе кои имаат проблем со дијабетес или срцеви заболувања, пренесува Њујорк Тајмс.