Стрип за Бетмен од 1940 година беше продаден за рекордната сума од над 2,2 милиони долари на аукција организирана од аукциската куќа ʺХеритиџ окшансʺ, пренесе ДПА.

Новиот сопственик сакал да остане анонимен, соопштува портпаролот на аукциската куќа со седиште во Далас Роберт Вилонски.

Стрипот Бетмен No 1 ги прикажува суперхеројот и неговиот придружник Робин како летаат на жолта позадина над црвената силуета на градот Готам.

Изданието, кое според ʺХеритиџ окшансʺ е во ʺскоро идеална состојба“, вклучува и други популарни стрип-ликови, како што се Џокер, Хуго Стрејнџ и Жената мачка.

Стрипот е купен за 3000 американски долари од колекционер во Хјустон во 1979 година. Неговата оригинална цена од 1940 година е 10 центи.

Претходниот рекорд за стрип со Бетмен беше поставен во ноември, кога Детектив Стрип No 27 од 1939 година, што го одбележа првото појавување на суперхеројот, се продаде за 1,5 милиони долари.

 

 

.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO