
„Влезот во втората година на пандемијата би можел да биде и потежок, имајќи ги предвид некои од динамиките на пренос на вирусот“, соопшти директорката на техничкиот тим на СЗО за Ковид-19, Марија ван Керкоф.
Втората година од пандемијата на коронавирусот можеби ќе биде потешка, со оглед на тоа како се шири новиот вирус, особено на северната хемисфера, каде што циркулираат позаразни варијанти, соопшти Светската здравствена организација. СЗО во најновиот извештај наведува дека по две недели со намалување на бројот на пријавени случаи, минатата биле регистрирани околу 5 милиони новозаразени.
„По празниците, во некои земји ситуацијата значително ќе се влоши“, рече директорката на техничкиот тим на СЗО за Ковид-19, Марија ван Керкоф.
