Фото: Роjтерс

Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални денес објави дека ќе отпатува од Германија за Русија на 17 јануари, пренесе Ројтерс.

Навални, водечки критичар на претседателот Владимир Путин, беше однесен во Германија во август на лекување откако се онесвести во авион. Подоцна Берлин објави дека имало обид за атентат врз него со нервниот агенс ʺНовичокʺ.

Руските власти одрекуваат дека имаат нешто заедничко со инцидентот.

Навални изјави дека веројатно веќе го опоравил своето здравје и дека е време да се врати во Русија, и покрај заканата од судско гонење во неговата татковина.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO