Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика, Антонио Милошоски со писмото повторно ги покани вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи да се појават пред пратениците и да ги објават предлозите од Бугарија.

ʺВо изминативе неколку месеци разговорите на релација Софија-Скопје станаа толку нетранспаренти, што јавноста е збунета и не знае дали на Договорот за добрососедство му се спрема нов анекс, нов акционен план или ново понижување? Оние уверувања дека потпишувањето на Договорот ќе ги решело сите спорови меѓу Македонија и Бугарија и ќе ги отворело портите на ЕУ, што пред 4 години ни ги даваа Заев и Димитров, денес се претворија во обвинувања за тоа кој сосед има поголема вина и за колку нови спорови се преговара.

Затоа крајно време е владините министри Османи и Димитров да ги симнат маските после Василица, да се појават во Собранието и да ги објават предлог-документите (анекси, акциони планови) кои се разменети помеѓу Софија и Скопје по однос на Договорот. Тогаш низ сериозна дискусија ќе се знае дали има достоинствен излез од овој ќорсокак, дали некој на Македонија И спрема ново анекс-предавство, и кој ќе поднесе оставка затоа што нефункциониот Договор наместо датум ни донесе вето на патот кон ЕУʺ, пишува Милошоски.

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO