Во последниов период некои политички партии се претворија во рубрики од типот „на денешен ден пред многу години.

ВМРО-Народна партија следејќи го овој најнов тренд на македонската политичка сцена сака да даде и свој придонес.

На денешен ден, 13 јануари од страна на ʺпробугарската“ платеничка, тетовчанката Мара Бунева беше убиен Велимир Прелиќ,голем хуманист, почитувач и заштитник на македонците.

Господинот Велимир Прелиќ беше испратен од страна на кралот Александар Караѓорѓевиќ да го заштити македонскиот национален идентитет и да го прошири македонскиот јазик во училиштата.

Велимир Прелиќ исто така потсетува за ʺубавото време на Македонија“ меѓу двете светски војни, како што е запишано во целата наша историографија, на големите слободи и хармонија во која се живееше во истиот цел тој период се додека таа македонска еманципација не ја прекинаа бугарските окупатори.

Затоа ВМРО-Народна партија предлага да се подигне споменик за овој познат миротворец, затоа што семето кој тој го има посадено во Македонија очигледно фатило цврста почва па затоа денеска ние се чувствуваме повеќе како наследници на неговото отколку на делото на сите негови жртви.

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO